Николовски: Силна е нашата волја за создавање систем во кој секој граѓанин ќе ја положи својата доверба!

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во неговот обраќање на денешната тематска седница на Владата на РСМ – Отворено владино партнерство ‘Зголемување на транспарентноста и отчетноста на државните органи и јавни институции во насока на ефикасна борба против корупцијата’ ја потенцираше важноста од зголемување на транспарентноста и отчетноста на сите институции кон пошироката јавност со цел зголемување на одговорноста на носителите на јавни функции.

Во изминатиот период започнавме сериозна имплементација на примат мерки, кои во иднина ќе бидат надградени со нови содржини, истакна Николовски.

„Ги задолживме сите органи кои одговараат пред Владата, вклучително и локалната самоуправа, на своите веб страници да објават информации со кои ќе дадат отчет за целокупното работење на институцијата и основни персонални информации и надлежности за имателите на информации:

-Го заокруживме процесот на транспарентно објавување на имињата на советниците на функционерите и спроведување тест за интегритет
-Во соработка со Централниот регистар на РСМ подготвен е Националниот регистар на вистински сопственици чија цел е транспарентен увид и ефективна контрола над правните субјекти
-Подготвен е и усвоен Планот за борба против корупција кој содржи 18 системски мерки за крајно сузбивање на корупцијата и криминалот и зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите
-Воведовме задолжителна подготовка на Антикорупциска програма за сите институции со што ќе се овозможи воспоставување поефикасен систем мерки за превенција и борба со корупција
-Во делот со јавни набавки, сите институции се задолжени да изготват интерни процедури за спроведување јавни набавки со што се обезбедува правилна распределба на јавните средства“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека создаваат мрежа на одговорност и конкретен план за мерење степен на принципи и стандарди на државните институции.

„Подготвени сме да ги имплементираме сите мерки во пракса. Силна е нашата волја за создавање држава на чесни политичари, транспарентни институции и систем во кој секој граѓанин ќе ја положи својата доверба!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e