Николовски се заблагодари за вакцините од Србија: Следува процесот на имунизација

Заменик претседателот на Владата Љупчо Николовски се заблагодари за првата пратка вакцини кои утрово пристигнаа од соседна Србија.
„Првите вакцини се веќе во нашата татковина! Благодарност до Република Србија за солидарноста која е олицетворение на пријателството меѓу македонскиот и српскиот народ.Следува процесот на имунизација кој започнува од здравствените работници.“ – посочи Николовски откако на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев и Министерот за здравство Венко Филипче ја примија првата пратка вакцини од претседателот на Србија Александар Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e