Генералниот скеретар на владејачката партија СДСМ Љупчо Николовски денекса во Битола ќе приклучи на проектот „МојДДВ“ – мерка што ги враќа парите кај граѓаните и има за цел да ја намали сивата економија.
„Реализацијата на проектот дава одлични резултати. Според официјалните податоци, заклучно со вчера граѓаните оствариле поврат од над 930 илјади евра, скенирајќи скоро 7 милиони фискални сметки со промет од 3,5 милијарди денари.“ – констатираше Николовски.
„Ги охрабрувам сите граѓани да се вклучат во овој проект, затоа што на тој начин добиваат приход плус на крајот на годината, а истовремено учествуваат во намалување на даночната евазија.“ – порача генералниот скеретар на СДСМ кој скенираше фискални сметки и со сопствен пример се вклучи во проектот.