Николовски се сретна со Макрадули: Финансиска стабилизација, дигитализација и воведувањето на е-трговија во Пошта

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски денеска оствари работен состанок со директорот на Пошта на Северна Македонија Јани Макрадули.

На состанокот пред вицепремиерот била презентирана новововедената Стратегија за подобрување на услугите и модернизација на работата.

2

„ Презентирани беа и приоритетите на Пошта за оваа година меѓу кои се наоѓа и финансиската стабилизација на компанијата како и дигитализацијата и воведувањето на е-трговија, преку кој ќе се спроведе силна ‘зелена’ еко компонента во работата.“ – рече Николовски по состанокот.

1
„Ја разгледавме и разговаравме и за реконструкцијата на опожарената шалтер сала на АД ‘Пошта на Северна Македонија’ која од срцето на градот претставува гордост за Пошта, но и за целата држава.“ – додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e