Николовски: Се подготвуваат локалните изборни програми за секоја општина

Генералниот секретар на владејачката СДСМ Љупчо Николовски вечерва присуствуваше на работниот состанок на Централниот изборен штаб во Штип, со сите кандидати за градоначалници на СДСМ и шефовите на Општинските изборни штабови.
-Ја имаме најдобрата кадровска понуда, се подготвуваат локалните изборни програми за секоја општина! Машината е на во погон, СДСМ е побеник на локалните избори, порача Николовски.
До сега СДСМ утврди 69 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори закажани за 17. октомври.
СДСМ и коалицијата порачуваат дека одат по нова победа, победа за да продолжи напредокот на општините, да продолжат локалниот и регионален развој, да продолжи унапредувањето на квалитетот на живот во секое населено место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e