Се интензивира соработката во областа на земјоделството помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција преку работата на заедничкиот Комитет со што можат да започнат активностите предвидени со меморандумите.
-Во време на големи климатски економски и технолошки промени, вложуваме во нови хидросистеми, брани, нови развојни технологиии, ги рехабилитираме постоечките капацитети за наводнување, со што одиме кон посигурна иднина во областа на водите, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Преку размена на заеднички искуства, идеи и проекти помеѓу нашите две пријателски земји, ја прошируваме и зголемуваме соработката со Република Турција, посочи министерот.