Веќе ја надминавме бројката од 60 000 ажурирани членови на СДСМ, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Имаме и нови членови. Довербата во СДСМ и социјалдемократското семејство растат секојдневно.
СДСМ го ревидира своето членство и е во фаза на организација на првите внатрепартиски избори за претседател на партијата.
Во моето гостување во емисијата 360 степени на Алсат ТВ во детали ги доближив нашите тековни партиски активности и процеси за дополнителна демократизација.
Со помош на мерит системот ги следиме активностите и резултатите на нашите функционери.
СДСМ се менува, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните“, посочи Николовски.