Николовски: СДСМ прави нов исчекор, утре ги спроведува првите внатрепартиски избори за избор на претседател на партијата

СДСМ прави нов исчекор, врв во демократијата и утре ги спроведува првите внатрепартиски избори за избор на претседател на партијата, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Централната изборна комисија, 80 општински Изборни Комисии, 237 Избирачки одбори низ државата се подготвени да ги реализираат изборите. Со новите електронски картички, активно регистрирани 68 999 членови ќе го изберат новиот претседател на партијата.

Изборите ќе бидат безбедни за здравјето, со строго почитивање на сите мерки протоколи.

Ве повикувам, в недела, сите регистрирани гласачи да го искористите правото на глас и дадете придонес во демократизацијата и напредокот на нашата партија!
Се менуваме, ја градиме СДСМ во силна, динамична и европска партија со конкретна визија за иднината, препознаена од граѓаните!“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e