Николовски: СДСМ и Форумот на жените се предводници во носењето нови политики за родова еднаквост

Вицепремиерот за борба против корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски на вечерашната онлајн трибина во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8. Март посочи дека токму СДСМ и Форумот на жените се предводници во носењето нови политики кои поставуваат нови, современи стандарди и во однос на родовата еднаквост.

forum na zeni
„Преку усвојувањето на Истанбулската конвенција и нејзиното спроведување, преку поддршката на женското претприемништво, преку механизмите за заштита на жената од родово базираното насилство создадовме плодна почва за натамошно унапредување на правата на жените во нашето општество.“ – рече Николовски.
„ Во изминатите неколку години покажавте силен капацитет, јасна посветеност, политиките што ги креирате да станат системски решенија и во таа мисија заеднички успеваме. Пред нас е време на носење важни одлуки кои имаат за цел дополнително, позитивно да го трансформираат целото општество. Сите да живееме во рамноправно општество. И добро е што токму Форумот на жени дава свој важен придонес во целиот процес преку свои мерки и политики, насочени кон унапредување на правата на жените и целона рамноправност.“- дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e