Генералниот секретар за СДСМ Љупчо Николовски им посака успешна работа на новоизбраните претседатели на општинските организации на партијата.
-Нови промени на локално ниво во СДСМ, согласно мерит системот. Назначени 10 нови претседатели на општински организации, по спроведената системска евалуација, во координација со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ракодовството на партијата, рече Николовски.
Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ, е избран Станиша Матески;
Во Новаци – Наумче Смилевски;
Во Желино – Аднан Демири;
Во Росоман – Анета Јоновска Љубенова;
Во Сопиште – Далибор Богдановски;
Во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски;
Во Демир Хисар – Николче Димитријовски;
Во Јегуновце – Александар Стефановиќ;
Во Студеничани – Елвира Мелиќ;
Во Липково – Буњамин Муслиу;
-СДСМ победува и се менува и затоа довербата и поддршката од граѓаните постојано растат, а расте и мрежата на СДСМ. Веќе се формирани нови општински организации на СДСМ во општините Желино и Липково, порача Николовски.
-Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата, додаде тој.
-СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните. Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување. – заклучи генералниот секретар на партијата.