Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска упaти честитика по повод Денот на рударите.
-Рудари СРЕЌНО!
Изразувам голема почит за вашата тешка и специфична работа, поздравувајќи ја вашата храброст, посветеност и труд. Рударите заслужуваат достоинствен живот и пристојни услови за работа, а тоа е она за што како Влада силно се залагаме. Нека ви е честит 28 Август, Денот на рударите, порача Николовски.
