Николовски: Република Северна Македонија го дава својот активен придонес во остварувањето Милениумските цели за одржлив развој на ОН

На 24 октомври го празнуваме Денот на Обединетите Нации, празник што се празнува од 1945 година, кога светот излезе од Втората светска војна.
Денес, 76 години подоцна, Обединетите Нации се симбол на надеж за подобра иднина и мир во светот. Денот на ОН, кој се слави секоја година, нуди можност да ја засилиме нашата заедничка агенда и да ги потврдиме целите и принципите на Повелбата на ОН што нѐ водеа во изминатите 76 години.
Денот на ОН е потсетник дека земјите-членки на ОН имаат обврска заеднички да работат на постигнување мир, просперитет и почитување на човековите права.
Република Северна Македонија го дава својот активен придонес во остварувањето Милениумските цели за одржлив развој на Обединетите нации. Цел која може да се оствари само ако сите работиме заедно и никој да не биде изоставен.
ФБ статус на вицепремиерот Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e