Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше во посета на земјоделците од Берово, Пехчево и Делчево.
Како што истакна министерот, на средбите е разговарано за состојбите во земјоделството и политиките на новата Влада и дека владата, министерсвото и земјоделците градат партнерски односи со кој ќе се подобри состојбата во македонскиот аграр.
“Убаво е чуството кога шеташ по македонските полиња. Денеска имав чест да ги посетам земјоделците во Берово, Пехчево и Делчево. Разговаравме за состојбите во земјоделството и политиките на новата Влада. Драго ми е што има позитивни реакции на политиките и мерките, но слушнав и одлични предлози и сугестии како да го подобриме работењето. Продолжуваме заедно да работиме партнерски со земјоделците за развој на македонскиот аграр”, порача Николовски.
Предходно, Николовски, во Кочани, заедно со градоначалникот Николчо Илијев, беше на терен за да се информира за работите околу браната Речани на Оризарска река каде се гради пристапниот пат над 4.5 км а инвеститор е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
“Направивме нова проценка со Бирото за судски вештачења и експропријацијата за телото на браната е во тек. Ова е крупен инвестициски проект за развој на целиот регион”, рече министерот.