Николовски: Работна група ќе работи во делот на набавка на опрема за дигитализација на институциите

-Континуирано се спроведуваат постапките за дигитализација на процесите, институциите постапуваат по задолженијата. На вчерашната владина седница донесовме одлука за формирање на Работна група којашто ќе работи на дефинирање и усогласување во делот на опремата што треба да ја набават институциите за дигитализација на процесите, информира вицепремиерто за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Во насока на правична подготовка на предлог-мерката за видео надзор и боди-камери за царинските службеници, даночните инспектори и контролори, во случаи каде што нема опција за дигитализација, ја усвоивме Информацијата за подготовка на проценка за влијанието на заштитата на личните податоци. Целта на оваа Информација е да се конципира најсоодветно законско решение, кое ќе превенира корупција, а при тоа ќе бидат заштитени човековите права и лични податоци на лицата опфатени со мерката, вели тој.
-Продолжуваме со активностите кон целосно дигитализирање на процесите и меѓусебно електронско поврзување на институциите за размена на информации, за брзи и ефикасни услуги, за инстуции во служба на граѓаните, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e