Николовски: Производството на тутун е наша стратешка култура, идните политики се во насока на развој на тутунопроизводството

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, советничката за земјоделство, Ленче Николовска и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, ги посетија откупните пунктови за тутун “Сокотаб”, во Кривогаштани и “Тутунскиот комбинат”, во Прилеп.

“Ветивме организиран откуп на тутунот и правилна проценка на тутунот. Задоволен сум што ова наше ветување заеднички и со поддршка од Државниот инспекторат за земјоделство, го реализиравме.
Оваа година тутунот е со добар квалитет, а откупот се одвива непречено и без проблеми. Производството на тутун е наша стратешка култура, и токму затоа нашите идни политики се во насока на развој на тутунопроизводството, кои ќе ги реализираме преку субвенциите и новиот Закон за тутун и тутунски производи”, изјави министерот Николовски.

26168109_2081241035430758_1401987679524044977_n

26114119_2081241065430755_3327542696527905731_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e