-Професионализацијата на високата раководна служба е клучен владин приоритет во широката борба со корупцијата, унапредувањето на организациските капацитети и зајакнувањето на институциите во јавниот сектор, порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски кој денеска, зеде учество како панелист на дискусијата за Законот за висока раководна служба, во организација на Институтот за демократија ‘Социетас Цивилис’.

-Ја истакнав нашата заложба за професионални високи раководители кои ќе бидат врз основа на соодветни професионални стандарди и критериуми и ќе поседуваат високо ниво на интегритет и управувачки способности.
Преку овие законски решенија обезбедуваме професионална европска јавна администрација која ќе дејствува во полна функција и служба на граѓаните, рече вицепремиерот Николовски.
