Николовски: Продолжуваме да креираме успешни мерки и политики, за што повеќе жени во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со Јасмина која успешно се занимава со пчеларство.

-Ги мотивираме жените да се занимаваат со земјоделство, да придонесуваат во развојот на овој сектор. На мое големо задоволство, попладнево ја посетив Јасмина Трајчевска, сопруга и мајка на три деца, успешна жена претприемачка. Јасмина се занимава со пчеларство, и користејќи ги ИПАРД мерките и мерката за “Рурална жена” го модернизира своето производство, рече Николовски по посетата.
-Резултатот е очигледен, таа е добитник на неколку награди за квалитет на мед. Продолжуваме да креираме успешни мерки и политики, за што повеќе жени во земјоделството, посочи министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e