Николовски: Продолжен рокот за аплицирање за мерката за вештачки ѓубрива за есенската сеидба

Владата донесе одлука со која се продолжува рокот за аплицирање за мерката за вештачки ѓубрива за есенската сеидба, до 30.11.2022  година. Системот ќе биде отворен, и земјоделците ќе може да аплицираат заклучно со последниот ден за набавка на вештачките ѓубрива, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од кога ќе заврши аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да ги исплати земјоделците за оваа мерка, информираше тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e