Николовски: Со процесот за дигитализација од 1 јули следната година ќе ги снема редиците пред шалтерите

Со процесот за дигитализација од 1 јули следната година ќе ги снема редиците пред шалтерите. Граѓаните ќе можат сите документи да ги обезбедат електронски.
Го олеснуваме изборот и уписот во градинка на децата. Без непотребно трошење на време за проверка кои градинки функционираат во вашето населено место, поднесување на документи и проверка на списоци достапни на огласни табли. Целата процедура ја дигитализираме и автоматизираме.
Ги елиминираме трите посети на Управата за водење на матична книга кои идните брачни парови мораат да ги прават. Обезбедувањето на изводите, записникот и докажувањето на слободната брачна состојба се заменуваат со брза постапка преку увид на веќе достапните документи.
Ги елиминираме неправилностите во пресметките на данок на имот! При промена на вашата имотна состојба, Општината сама ќе ги презема податоците од Катастарот и Регистарот на население.
Прочитајте повеќе во статијата од Слободен Печатна следниов ЛИНК.

ФБ статус на вицепремиерот Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e