Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска присуствуваше во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
„Во кампот во Лазарополе ја проследивме заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.
Тие демонстрираа високо ниво на подготвеност, вештини и тактики кои ги совладале при обуката, а ќе ги користат во своите идни активности“, истакна Николовски.



