Прашан за досега најголемата земјоделска реформа и измените на моделите за субвенционирање, министерот Николовски рече дека станува збор за реформа во делот на земјоделието во вистинска смисла на зборот.
-Преминавме од еден систем каде што имавме многу заостанати исплати на субвенции, пред седум години зборувавме само за незадоволство од темпото на исплати и неисплатени субвенции, во систем кога се исплатени сите субвенции и 30 % од субвенциите ќе бидат исплатени авансно, односно предвреме во текот на годинина и тие се врзани како европска мерка со цел да се одржуваат земјодлеските површини обработливи“, рече Николовски и додаде дека има основна и дополнитела субвенција, основната е за сите култури, дополнителната е за само 24, 25 утврдени со подсекторските групи и има и зголемени стандарди и поголема контрола.
Новиот модел се врзува со самото производство, рече Николовски, и истакна дека ќе се знае што се произведува, односно да се докаже производството за да бидат исплатени сите субвенции.
