Николовски: Преку Програмата за директни плаќања околу 3 милиони евра годишно се одвојуваат за пчеларите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во село Нереште ги посети Шпетим и Реџеп Селмани, одгледувачи на пчели, со над 150 сандаци за пчели и 450 килограми производство на мед годишно.

Скоро цел живот Реџеп и Шпетим се занимаваат со пчеларство, и радува фактот што редовно ги следат, и аплицираат за субвенциите и мерките кои ги обезбедуваме токму за развој на пчеларството, истакна Николовски.

Николовски посочи дека преку Програмата за директни плаќања околу 3 милиони евра годишно се одвојуваат за пчеларите.

„Преку ИПАРД Програмата и мерката 7 за диверзификација на фармите и развој на бизниси ги помагаме пчеларите со минимална инвестиција од 1500 евра.
Значењето на пчелите во одржување на природниот баланс, опрашувањето, и нивната неверојатна корист за човекот не ја забораваме. Продолжуваме заедно да работиме на што поголем развој на пчеларството како гранка, и заштита на пчелите“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e