Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити.
„На работен состанок со градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити разговаравме за повеќе теми важни за жителите на Брвеница, како и за имплементацијата на мерките од Планот За Борба Против Корупцијата кои се однесуваат на локалните самоуправи.“ – посочи Николовски по средбата.
„Реализацијата на овие мерки од Планот придонесуваат за подобри услуги за граѓаните, влијаат за подигање на транспарентноста и отчетноста на општините, како и за воспоставување нови механизми за спречување на корупција.“ – заклучува вицепремиерот Николовски.