Денеска се одбележа Меѓународниот ден на борба против корупцијата.
Конференцијата која се одржа под мотото „Избери вистински правец – избери интегритет!“ е во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Ја одржавме конференцијата по повод денот за борба против корупција под мотото – Твое право твоја должност! Кажи не за корупција!, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Доста зборување. Се работи и менува на дело! Во 2021 спроведовме системски мерки и политики за длабоки реформи, најголем дел за прв пат во сите овие 30 години од осамостојувањето до денес!
Ги повикувам медиумите да ги следат и споделуваат сите овие активности и проекти, бидејќи се важни за иднината. Правиме чекори кои понатаму ќе значат сè во борбата против ова зло.
А сите останати, ве повикувам да учествувате во спроведување на законите, мерките и прописите. Да бидеме чесни, одлучни и гласни!“, посочи Николовски.