Николовски: Позитивниот Извештај на Стејт Департментот е охрабрување и поттик за уште поголема посветеност во периодот пред нас

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски посочи дека позитивниот Извештај на Стејт Департментот е охрабрување и поттик за уште поголема посветеност во периодот пред нас.

Стејт Департментот нотира: Владата демонстрираше поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години.

„Владата презеде чекори да ги идентификува, истражи, обвини и казни официјалните лица кои направиле злоупотреби“.
„Во извештајот за Северна Македонија на 6-ти октомври, Европската комисија вели дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво“, стои во Извештајот.

„Воспоставивме системски механизми за да се обезбеди судска независност и отчетност, вклучително и креирање правила за проверка на имотот, судир на интереси и утврдување дисциплински постапки, и тоа е забележано во Извештајот“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e