Николовски и Поповска го спроведоа вториот циклус обуки за практична примена на одредбите од Кодексот за етичко однесување

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска заедно со професорката Мирјана Борота Поповска од Институтот за политичко правни истражувања го спроведоа вториот циклус обуки за практична примена на одредбите од Кодексот за етичко однесување којшто овој пат ги опфати замениците министри и државните секретари.
NikolovskiОбуките ги спроведуваме со експертска помош од нашиот стратешки партнер – УСАИД, истакна Николовски.
Nikolovski11„Само со доследно придржување до Кодексот за етичко однесување ќе го зајакнеме интегритетот на институциите и ќе ја зголемиме довербата на граѓаните.
Примената на Кодексот е гаранција за граѓаните дека носителите на јавните функции се придржуваат кон принципите на добро однесување, на највисоко политичко ниво. Очекувам дека овој состав на Владата ќе биде пример за правилно имплементирање на етичките вредности во извршувањето на функциите. Воведуваме европски страндарди дома, градиме правна држава со функционални институции“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e