„Не можеме да сме задоволни од извештајот на Економист за нивото на демократија, но за тоа има реални причини. Од параметрите кои се мерат во извештајот е потенцирана политичката култура, која е резултат на ситуацијата која ја имавме во текот на минатата година, пред се од неодговорното однесување на министрите на опозицијата во техничката влада, непочитувањето на заштитните мерки од нивна страна, постојано имавме обиди партиските интереси да се наметнат пред државните, дури и во ситуација кога немавме парламент. Залудно ние повикуваме на одговорност и на високи стандарди, а со тоа и на подобрување на политичката култура.“- го изнесе својот став околу демократијата во државава, вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во емисијата 24 Анализа, на ТВ 24.
Но, тој е уверен дека постојат прогресивни сили во државата кои ќе повлечат напред и за одреден период драстично ќе се смени и нивото на деморкатија, но и позициите на Северна Македонија во меѓународните извештаи.
„Со сите сили мораме напред, но без блокирање на процесите, сите кои и мислат добро на државата можат да помогнат. Но, не како опозицијата која не се радуваше и не аплаудираа за членството на државата во НАТО. Да се обединиме околу стратешките интереси, пред се против корупцијата, организираниот криминал и да покажеме храброст во носењето клучни одлуки.“- порача Николовски.