Научните достигнувања и нивната примена во пракса се особено важни за модернизирање на македонското земјоделство и доближување до европските стандарди.
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на првото Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2018“, настан кој што се очекува дека ќе прерасне во традиционален годишен собир.
Ова беше одлична можност за презентација на најновите достигнувања во науката, технологијата и иновациите во областа на земјоделството, пренесување на знаења, размена на искуства и отворање можности за идни соработки.