Николовски: Почитувањето на протоколите е клучно во надминување на корона кризата, инспекциските служби продолжуваат со интензивна контрола

Почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот е клучно во надминување на корона кризата. Инспекциските служби продолжуваат со интензивна контрола на територијата на целата држава, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Во изминатата седмица, седумте инспекциски служби извршија 4635 контроли и надзори, по основ почитување на закони и здравствени протоколи. Донесени се 4 решенија за забрана за работа, издадени се 18 решенија за констатирани неправилности од областа на работни односи и 12.294 решенија за домашна изолација за лица заболени од коронавирус или лица кои биле во контакт со заболено лице.
Апелирам, со заеднички придонес и учество, принципиелно и одговорно да се вклучиме во борба со најголемиот предизвик“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e