Николовски: Со почитување на сите здравствени протоколи, македонските социјалдемократи в недела бираат претседател

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва одржа работен состанок со партиската Централна изборна комисија.

nikolovski
„Се’ е подготвено за првите директни внатрепартиски избори коишто на 21. март ги организира токму СДСМ. Во 80 општини ширум земјава, во секоја Општинска организација на СДСМ, в недела ќе бидат отворени гласачките места.
Со почитување на сите здравствени протоколи, македонските социјалдемократи бираат претседател.“ – порача Николовски по состанокот.

2
„Време е за нови политики и нов чекор во уште поголема внатрешна демократија. СДСМ е и ќе биде прва во промените! “ – вели Николовски во пресрет на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e