Николовски: По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да ја кочи оваа статистичка и институционална операција

По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да ја кочи или одолговлекува оваа статистичка и многу важна институционална операција, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Пратениците избрани од народот имаат обврска да го овозможат тоа.
Сите надлежни институции да можат навремено и квалитетно да ги направат подготовките за пописот и успешно да го спроведат согласно меѓународните стандарди“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување ќе се создадат сите услови за одржување на попис оваа година.

„Попис, којшто ќе биде спроведен по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно сите прописи на Евростат.
После цели 19 години пописот е неопходен. За да може подобро и рамномерно да се развива нашата татковина. За создавање нови долгорочни развојни македонски политики.
Тоа е во интерес на народот, на сите наши граѓани. Во интерес на нашата заедничка држава.
Затоа, пописот е патриотски чин!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e