Николовски по повод Светскиот ден на животната средина: Со околу 400 милиони евра го решаваме деценискиот проблем со депониите во државата

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски упати силна порака по повод 5. јуни – Светскиот ден на животната средина.
„Денеска преку низа активности на територијата на целата држава го одбележуваме Светскиот ден за заштита на животната средина. Борбата е заедничка и само преку заедничка вклученост може да создадеме здраво општество, да ја поттикнеме свеста и да ги зачуваме и заштитиме природата и животната средина.“ – порача тој.
„Со таа цел, во склоп на Интервентниот план за инвестиции предвидени се 3 милијарди евра инвестииции во зелена енергија и 500 милиони евра за заштита на животната средина и комуналната инфраструктура, а со инвестиции од околу 400 милиони евра го решаваме деценискиот проблем со депониите во државата“ – појаснува вицепремиерот.
Николовски вели заштитата на животната средина е во наши раце.
„Ве охрабрувам да продолжиме заедно и континуирано да работиме на подобрувањето на животната средина, за нас и за идните генерации“ – стои во пораката од Николовски по повод денешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e