„Светскиот ден на здравјето и оваа година го одбележуваме во време на светска пандемија од коронавирусот.
Многу е важно сите доследно и одговорно да ги почитуваме мерките и препораките, да се заштитиме себе си и нашите најблиски, и на тој начин да помогнеме во заштита и на јавното здравје. Тоа го должиме на себе си, на своите блиски, тоа им го должиме и на здравствените работници кои со натчовечки напори се борат со овој вирус, за што неизмерно им благодариме.“ – порача денеска на социјалните мрежи вицепремиерот Љупчо Николовски по повод 7.април – светскиот ден на здравјето.
„Во тек е и масовна вакцинација, процес кој непречено се одвива во сите градови, ширум татковината. Имаме добро поставен и ефективен механизам за вакцинирање кој веќе се спроведува.“ – посочи Николовски.