Министерот за земноделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски упати честитка по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.
Честит 23 Мај, Национален ден на Власите!, порача Николовски.
„На овој ден искажуваме благодарност за несебичната и значајна поддршка што влашката заедница ја дава во градењето на еднакво, праведно,современо општество за сите. Меѓусебното почитување и заедништво, даваат голем придонес во севкупниот развој на нашата држава. Така нека остане и навек“, истакна Николовски.