Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски упати честитка по повод 8-ми април – Меѓународен ден на Ромите.
На сите мои сограѓани од ромска етничка припадност, на сите Роми, им го честитам Светскиот ден на Ромите, 8-ми април, и им посакувам добро здравје!, истакна Николовски.
„Токму оваа година одбележуваме и други важни јубилеи за Ромите, 50 годинишнината од одржувањето на првиот Светски конгрес во Лондон, и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата македонска татковина.
Години нанзад, заедно ја градиме нашата мултиетничка татковина која почива на заедништвото, соживотот, меѓусебна толеранција, почит и разбирање.
Продолжуваме заедно со реализација на политиките кои водат до уште поголема интеграција на Ромите и подобар живот за сите“, посочи Николовски.
