Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на сите вработени во правосудниот сектор, судии, обвинители, адвокати, им го честита Денот на македонското правосудство.
„Значаен е придонесот, особено на судиите и обвинителите во создавањето на независен правосуден системот кој испорачува и гарантира правда.
Борбата против корупцијата и криминалот, борбата за правичност и фер систем кој обезбедува правда подеднакво за сите, е заедничка.
Ви посакувам успех во работата и исполнување на заедничките цели во интерес на граѓаните и државата“, истакна Николовски.