Николовски по повод Денот на човековите права: Да изградиме одржлива, инклузивна и праведна иднина за сите

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски упати порака по повод Денот на човековите права.

„Денот на човековите права, 10 декември, е ден кога се потсетуваме на Универзалната декларација за човековите права на ООН и пораката „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“.
Принципите на еднаквост и недискриминација се во срцето на човековите права и наша должност е, не само да ги негуваме и почитуваме овие принципи, туку и континуирано да ги унапредуваме.
Спроведуваме политики и мерки за спречување на сите форми на дискриминација. Во посебен фокус ги ставаме унапредувањето на родовата еднаквост, борбата против родово базираното насилство, целосното имплементирање на Истанбулската конвенција и правата на маргинализираните и ранливите заедници генерално. Затоа Северна Македонија на овие теми е издвоена во регионот по постојаниот покажан напредок.
Ги повикувам сите чинители на политиките во нашето општество, граѓанскиот сектор, но и секој од нас поединечно, да се обврземе континуирано да работиме и да изградиме одржлива, инклузивна и праведна иднина за сите, не оставајќи никого зад себе“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e