Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.
„На денешен ден пред 80 години во Куманово и во Прилеп започна борбата за ослободување на македонскиот народ од фашизмот. Денеска оддаваме почит кон нашите борци и борки кои ги дадоа своите животи во сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност
Нашата генерација, на свој начин ја повтори таа борба и повторно ја живееме слободата. Денес Северна Македонија е членка на НАТО и стои рамо до рамо со најмоќните, почитувана земја и пример во регионот.
Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ“, стои во честитката на Николовски.