-Денеска одбележуваме 104 години од раѓањето на првиот претседател на самостојна Република Македонија, Киро Глигоров, почитуван и влијателен политичар на македонската и меѓународната политичка сцена. Државник и визионер кој ја водеше земјата кон независноста и го постави патот на напредокот. Политичар кој ги поврза двата најзначајни столба на македонската државност, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 година. – порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
-Глигоров остави личен печат во спроведувањето на референдумот, независноста и донесување на новиот Устав и со неговата смиреност, мудрост и дипломатски такт придонесе државата, без ниту една капка крв, да го помине патот на транзицијата, вели Николовски.
-Горди сме што како генерација млади политичари дадовме придонес и успеавме во реализација на стратешките цели на кои работеше Глигоров. Денеска живееме во слободна, демократска, праведна земја, 30 членка на НАТО која чекори кон ЕУ, која оди напред и се развива!, заклучи вицепремиерот Николовски.