Николовски од Стајковци: Одводниот канал за атмосферската вода е затрупан, апелираме за брза реакција

По повторното невреме кое го зафати Скопје вечерва, Љупчо Николовски, дополнителниот заменик министер за Земјоделство, шумарство и водостопанство е во Стајковци каде на лице место заедно со дел од жителите ги согледуваат направените штети.

“После алармирањата од граѓаните, вечерва се упативме на најкритичното место на северната обиколница во Стајковци. Одводниот канал за атмосферска вода тука е затрупан и не е во функција. Нанесена штета на двете коловозни ленти на обиколницата. Апелираме до институциите за брза и темелна реакција зашто безбедноста на возачите и жителите на Стојковци повторно е под закана. Вечерва остануваме со локалното население!” – напиша Николовски на неговата фан страница на Фејсбук.

7

1

3

4

2

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e