Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовскипосочи дека шумската полиција игра клучна улога во сузбивањето на организираниот криминал.
„За непречено функционирање на оваа институција, исклучително важна е кадровската екипираност и условите во кои се работи.
Денеска, по цели 12 години, Шумската полиција добива нови униформи и чизми, а со потпишување на Колективниот договор со кои се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените, за првпат се регулира правото за добивање додаток од 30%. Особено ми е драго што процесите кои ги започнав како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство се спроведуваат непречено, во континуитет. Само со мотивирани и модернизирани институции се делува брзо и ефикасно“, истакна Николовски.
„Вложуваме и ги јакнеме капацитетите на институциите кои ги спроведуваат системските мерки од #ПланотЗаБорбаПротивКорупцијата. Преку зајакнати теренски контроли, дигитализација на процесите на надзор, издавање документација, следење дрвна маса и транспорт ганрантираме намалување на ризикот од корупција и криминал и го штитиме нашето национално природно богатство“, нагласи Николовски.

