Уште еден важен ден за сите, со исполнети стратешки цели. Дадовме збор и ги реализираме крупните капитални инвестиции. Потпишувајќи ги денеска договорите со фирмите изведувачи, конечно после 30 години ветување ја започнуваме изградбата на источниот дел на железничката пруга на Коридорот 8, како и изградба на клучни делници во вкупна должина од 96 км и инвестиција од 200 милиони евра.
Североисточниот регион е вратата кон Европа, и како никогаш досега не се работело толку во овој регион.
Изградбата на македонската железница, од Куманово до Бељаковце, и од Бељаковце-Крива Паланка ќе придонесат за забрзан регионален развој. Дополнително, 155 милиони евра ќе бидат обезбедени за започнување и на третата делница, од Крива Паланка до Деве Баир.
Ваквиот значаен инфраструктурен капитален проект ќе ја движи македонската економија и ќе создава раст на бруто домашниот производ. Зборот е збор.
ФБ статус на Љупчо Николовски
