Здравствените работници овде во Виница, задоволни се од фактот дека нивниот труд и нивната грижа за здравјето на граѓаните е конечно ценета и платена.
Во СДСМ гледаат партнер кој им овозможува професионалност и стручност, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои единствено што знаат е да ги етикетираат и понижуваат. Платите им беа замрзнати со години.
За само три години овозможивме подобри услови за работа, обезбедивме зголемување на платите за здравствените работници до 40 проценти.
Општите лекари во јавното здравство имаат плата од 40.100 денари, лекари специјалисти – 60.600,00 денари, а лекари специјалисти (наставен кадар) 71.000,00 денари.
Медицинските сестри во јавното здравство со средно образование имаат плата од 23.550 денари, со вишо и високо образование над 31 илјади денари.
Е има разлика!
Вистинската политика и стратегија овозможија здравствениот систем да биде функционален и ефикасен и во услови на најтешка здравствена криза.
На 15-ти јули целиот Исток, целата држава ќе се определи за политика која значи вистинска и искрена грижа за здравјето на граѓаните и за здравствениот систем.
Затоа, платите на здравствените работници ќе продолжата да растат секоја година до 10 проценти, ќе продолжат вработувањата на лекари и медицински сестри.
Инвестираме во нови и проширени постоечки капацитети на дневни болници, вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, ќе обезбедиме 70 нови возила за итна медицинска и секоја година редовно ќе се обновува возниот парк, времето на одговори на итна помош ќе се скрати на 10 минути во урбани средини и до 20 минути во рурални средини.
Драги мои виничани и пријатели од Истокот,
Проекти има многу, планови има многу.
За две и пол години постигнавме големи успеси, а можеме уште повеќе, уште подобро.
Тргнавме напред, враќање назад во мрачното минато на ВМРО-ДПМНЕ нема.
На 15 јули граѓаните ќе се определат за просперитетна и сигурна иднина.
Затоа што ЗНАЕМЕ, затоа што МОЖЕМЕ!
Дел од обраќањето на Љупчо Николовски при денешната посета на Виница