Николовски: Периодот за ловење на дивата свиња се продолжува до 31. март под посебни услови

Периодот за ловење на дивата свиња се продолжува до 31.03.2022 година под посебни услови, и во дозволените региони, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Оваа одлука е согласно мерките преземени од страна на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а со цел спречување и ширење на африканска чума кај свињите која е присутна во две одгледувалишта во нашата држава.
-Состојбата со оваа болест внимателно се следи од страна на МЗШВ и АХВ, се преземаат сите потребни мерки за навремено спречување и санирање на оваа зараза, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e