“Затвараме една историска страница за обезбедена, сигурна и интегрирана Македонија.
Пред две години бевме изолирани од светот. Денес целиот свет ни честита и поддржува.
Конечно ги затвараме политичките прашања засекогаш а тоа е услов за да сега отвориме нова иднина за економски развој на нашата земја.
Членството во НАТО носи раст на економијата, земјоделството, инвестиции и вработувања, нови социјални и развојни мерки и политики за живот на сите граѓани.
Нема да е лесно. Затоа сега ставаме фокус дома, да се менуваме, да се реформираме, да исполниме стандарди, да работиме уште посилно. И тоа чесно, посветено и одговорно.
Мнозинството граѓани и над 2/3 од пратениците се за ваква интегрирана и развиена татковина со отворен пат за членство во ЕУ.
Малцинството се за изолирана, затворена и Македонија без јасна перспектива. Тоа нема да го дозволиме. Патот е отворен и чекориме напред.
Затоа ќе имаме претседател каков што заслужуваме.
И ќе победиме на било какви избори.
Затоа што изборот е јасен.” – напиша на Фејсбук, членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски по вчерашната седница на ЦО.