Николовски: Оваа влада обезбедува поддршка за институциите вклучени во борбата против корупцијата

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска учествуваше на конференцијата, „Соработка на институциите во борба против корупцијата: Научени лекции и унапредување на соработката“.

1

„Имав можност пред претставниците на граѓанското општество, меѓународната донаторска заедница и институциите, да зборувам за институционалната поддршка која оваа влада ја обезбедува за институциите вклучени во борбата против корупцијата и потребата од воспоставување на функционални механизми за соработка. За мене секогаш е чест кога сум поканет да бидам дел настани организирани од граѓанските организации кои работат на борбата против корупцијата. Ваквите настани секогаш овозможуваат успешно да размениме перспектива кон заеднички идентификуваните проблеми, а и дополнително ме уверуваат дека сме спремни да се бориме против ова општествено зло.“ – рече Николовски.
Вицепремиерот упати благодарност до Транспаренси Интернешнал – Македонија (Transparency International Macedonia) за поканата да биде дел од нивната завршна конференција и до УСАИД (USAID North Macedonia) како и за несебичниот придонес кон борбата против корупцијата во земјава и развојот на граѓанското општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e