Министерот Љупчо Николовски со честитка до МПЦ и до сите верници по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.
-Ова е голем историски ден за нашиот православен македонски народ. Исполнување на еден од нашите национални интереси, за меѓусебно разбирање и помирување.
Храброста за решавање на децениските проблеми, отворија нов пат и иднина на нашиот народ, заокружувајќи ја денес нашата духовна и државна независност, безбедноста и сигурноста на Северна Македонија. Обединети, сплотени, градиме заедничка иднина, оставаме аманет за идните генерации, за соживот, слога и разбирање.
Искрени и срдечни честитки упатувам до поглаварот на Македонската православна црква-Охридската архиепископија, г.г Стефан, и до сите граѓани од православна вероисповед.
Едногласната одлука за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА, од страна на Српската православна црква, отвара можности за нов развој, и духовен раст на Охридската Архиепископија.
Нека е за многу години! – напиша Николовски во честитката.
