Николовски: Борбата против корупцијата е сестрана, заедничка, со вклучување на сите чинители

„Борбата против корупцијата е сестрана, заедничка, со вклучување на сите чинители“, порача денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски, на промоцијата на Извештајот од мониторингот над спроведување на препораките од проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“ на Транспаренси Интернешнл Македонија.

„Презентираниот извештај покажува прогрес, но секако дека има уште многу за работа. Во борбата против корупцијата од особено значење се препораките што произлегуваат од ваквите извештаи, кои помагаат во детекција но, уште поважно и во креирање ефикасни мерки и политики. Затоа денеска разговаравме и за текот на спроведување на препораките од презентираниот Извештај кои се однесуваат на различни области, како и за идните чекори за побрза нивна имплементација.“ – посочи Николовски.
„Имаме добар патоказ по којшто треба да се движеме. Граѓаните очекуваат резулати, политичката волја е веќе покажана и утврдена со почеток на реализација на препораките. Соработката со сите надлежни институции, со ДКСК, невладиниот сектор, бизнис заедницата, како и меѓународните организации е исклучително важна.“ – заклучува вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e