Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до создавање на конкурентно и модерно земјоделско производство

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска со Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, и со  главниот технички советник на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), Вилма Даугалиене, беа во посета на дел од 12-те избрани локации за спроведување на проектот за консолидација на земјиште, во околината на селата Спанчево , Чешиново, Соколарци и Чифлик.

Пред присутните земјоделци беше презентиран процесот на изборот на локациите и следните чекори за реализација на окрупнувањето на земјиштето.

29983449_2130231143865080_8537930513780711679_o

Македонија има најрасцепкани парцели во споредба со останатите земји од регионот и тоа мора да се промени, но освен заложба на институциите, неопходна е и голема посветеност на земјоделците, порачаа министерот претставниците од ЕУ и од ФАО.

Министерот Николовски посочи дека консолидацијата на обработливото земјиште е почетна точка за создавање активни земјоделци- претприемачи, подготвени за успешен натпревар на европскиот пазар.

30051608_2130231127198415_147007874439008568_o

„Со окрупнување на земјоделското земјиште ќе се овозможи секое стопанство да поседува поголема парцела, со правилна форма, а клучни придобивки се: намалување на трошоците за обработка, зголемување на приходот и профитабилноста по хектар, употреба на модерна  механизација и технологии, како и одржливо управување со природните ресурси. Со окрупнување на земјоделското земјиште ќе се овозможи секое земјоделско стопанство да поседува земјиште на поголема парцела, со правилна форма, наспроти мали парцели на различни локации“, порача министерот Николовски.

29983048_2130231220531739_8420586252618408574_o

При тоа, министерот Николовски посочи дека спроведувањето на првите постапки на консолидација на земјиштето во државата токму во неколку локации од овој регион се поклопува и со владините земјоделски политики за обезбедување на континуирана поддршка за поинтензивен развој и поголема конкурентност на овој важен земјоделски подсектор.  Во собраниска процедура се и измените на Законот за консолидација кои се основа за успешно спроведување на целиот процес.

29983018_2130231043865090_6532612231480424880_o

Министерот Николовски изјави дека во изминатите неколку месеци, беа идентификувани регионите каде што е потребно и можно окрупнување на земјиштето, а пристигнаа вкупно 40 изјави од различни локални заедници за учество во проекти за консолидација.

Консолидацијата овозможува и подобрување на руралната инфраструктура согласно локалните потреби на заедниците, изградба на патишта до нивите, системи за наводнување и одводнување, а го олеснува и решавањето на проблемите со регистрација на земјиштето. Се тоа води кон подобрување на животниот стандард во руралните средини и се очекува да ја намали тенденцијата на напуштање на селата и обработливото земјиште.

Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, и  главниот технички советник на ФАО Вилма Даугалиене порачаа дека целта на консолидацијата е поголема продуктивност и производство кое подеднакво со другите ќе може да се натпреварува на европскиот пазар.

Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик се четири од дванаесетте локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште. Главни критериуми за нивниот избор се прекумерната расцепканост на површините и ситните парцели кои имаат негативно влијание врз продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на доминантното производството на ориз. Овие подрачја се карактеризираат со висок процент на изложеност на земјиштето, рамен терен, мала застапеност на повеќегодишни култури и мал број недвижни објекти во секоја област, а земјоделците се особено заинтересирани и сакаат да учествуваат во процесот на консолидација.

29745190_2130231050531756_6165085449514218626_o

Во наредниот период, ќе се спроведуваат физибилити студии (за изводливост) во избраните подрачја за да се процени моменталната состојба на терен, да се потврди подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиштето да се вклучат во процесот, да се идентификуваат индивидуалните потреби и да се испитаат другите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата. Врз основа на анализата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите и ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во нови пристапни патишта и инфраструктура за наводнување и одводнување, зависно од потребите во секоја заедница.

Проектот „MAINLAND“, е финансиран од Европската унија а се спроведува од ФАО во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ.

29983280_2130231140531747_1521543669619403627_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e