Љупчо Николовски, носител на изборна единица 3 и генерален секретар на СДСМ, во матичното изборно место 939 во својот роден град Крива Паланка, убедливо го победи својот противкандидат со огромни 148 гласа разлика.
Имено, Николовски освои 338 гласа, наспроти противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ кој освоил само 190 гласа.
Крива Паланка даде безрезервна поддршка за трудољубивоста и искрениот однос на Николовски, а ако по утрото денот се познава истата ситуација ќе се рефлектира и во целата изборна единица 3, како и на ниво на држава.